Skip to main content
Македонија

Адвокатот на Лозановска: Не го извршивме разговорот, утре мора повторно да дојдеме

12/08/2025  12:15

Откако во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски. Тој по посетата на полицијата за Телма изјави дека полициски службеник кој исто така била вечерта пред домот на директорката ги прашал кој ги поканил на информативен разговор, иако од полициски службеник телефонски биле повикани денеска на разговор, по случувањата на 8 август вечерта, кога полицијата направи претрес во домот на Лозановска.