Skip to main content
Хроника

Кривична против тетовец – по расправија истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани

11/08/2025  13:41

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 27.05.2025 во угостителски објект во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал едно лице, при што употребил нож и му нанел убодни рани.