Skip to main content
Свет

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)

11/08/2025  09:00

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди градот Синдирги во западната покраина Баликешир вчера, објави Турската агенција за управување со катастрофи (AFAD).

Земјотресот, кој се случи во 19:53 часот (16:53 часот по Гринич), беше почувствуван во многу градови во западна Турција, вклучувајќи ги Истанбул и Измир.

Околу десетина згради се урнаа во Синдирги, епицентарот на земјотресот, објави градоначалникот Серкан Сак на турскиот приватен канал НТВ.

На социјалните мрежи се појавуваат видеа од рушеви, урнати згради, но и од спасени лица извлечени од под урнатините.