Skip to main content
Хроника

Жена тешко повредена откако со автомобил излетала од автопатот Куманово – Скопје

09/08/2025  13:37

На 08.08.2025 околу 07:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „мерцедес” со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишната М.Н. од Куманово, излетало од патот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.