Skip to main content
Македонија

СДСМ: Мора да има одговорност за режимскиот упад на полицијата во Демир Хисар

09/08/2025  12:06

Соопштение на СДСМ:

Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков” во Демир Хисар е јасен доказ дека режимот се врати. Полицијата, по измените на законите за полиција и за внатрешни работи од Панче Тошковски, е претворена во партиска алатка за незаконски разрешувања и политички притисок пред избори, со цел поставување кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ бара итно запирање на незаконскиот прогон врз Маја Лозановска и одговорност за сите кои ја злоупотребуваат полицијата.