Skip to main content
Хроника

Тешко повреден мотоциклист на автопатот Градско-Прилеп

08/08/2025  16:03

Во СВР Велес вчера околу 15:10 часот  било  пријавено дека на автопатот Велес-Градско, во близина на излезот кон експресниот пат Градско-Прилеп, 28 годишниот Г.Ш.С. oд Република Турција, со привремен престој во село Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Ш.С., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.