Skip to main content
Хроника

Опожарен објект со хаварисани возила во скопско, две лица завршија во болница

29/07/2025  17:06

Вчера во 12.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека над село Бучинци, општина Илинден, настанал пожар на нискостеблеста шума. Од пожарот бил опожарен еден објект со хаварисани возила, сопственост на А.К.(60) од Скопје.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а поради вдишување на чад на две лица им била пружена лекарска помош, информираа од полицијата во дневниот билтен.