Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски: По децении чекање, почнува реконструкцијата на „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба

29/10/2026  15:18

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска го означија почетокот на реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков”, една од најважните сообраќајни артерии во општина Гази Баба.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека неодамна беше реконструиран и надвозникот ,,Естакада”, кој исто така е од огромна важност, како и дека се вложува рамномерно во секоја општина, затоа што секое маало е важно и секој граѓанин заслужува уредена улица, безбеден тротоар и достоинствени услови за живот.