Skip to main content
Македонија

Бујар Османи од Париз: Европската перспектива на Северна Македонија и Охридскиот договор во фокусот на средбите во француските институции

29/10/2026  13:59

Соопштение а јавност на ДУИ:

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, престојува во работна посета на Париз, во чии рамки остварува средби во францускиот Сенат, Националното собрание и други француски институции, со фокус на европската перспектива на Северна Македонија и случувањата во Западен Балкан.

Во центарот на разговорите се процесот на европска интеграција, застојот на Северна Македонија во овој процес, како и важноста од зачувување на меѓуетничката стабилност преку целосно почитување на Охридскиот рамковен договор.

Во текот на разговорите беа разгледани и можностите за постепена интеграција во политиките и механизмите на Европската Унија, со цел граѓаните да имаат конкретни придобивки од интеграцискиот процес и пред полноправното членство.

Османи побара засилен ангажман на Франција со цел да се обезбеди јасно, единствено и недвосмислено толкување на европскиот интеграциски процес во земјата, но и поддршка во рамки на релациите на земјата со Бугарија. “Не треба да дозволиме Северна Македонија да остане настрана од клучните европски процеси во регионот. Премногу е направено, би рекол инвестирано, особено од страна и на Француската Република во овој процес, за што сме особено благодарни; но очигледно ни е потребна дополнителна поддршка, со цел интеграциите да продолжат” истакна Османи

Посебно внимание беше посветено на Охридскиот рамковен договор, како темел на стабилноста, еднаквоста и мултиетничкиот карактер на државата. Османи ги изнесе загриженостите во врска со случувањата што ги засегаат јазичните права, правичната застапеност и почитувањето на основните принципи на овој договор.

Тој нагласи дека спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и напредокот кон Европската Унија остануваат тесно поврзани со стабилноста и иднината на Северна Македонија.

Посетата на Париз е дел од континуираниот ангажман за дијалог со европските партнери за перспективата на земјата и случувањата од значење за регионот.