Skip to main content
Скопје

Изменет сообраќаен режим кај надвозникот „Влајко“ поради испитување на статиката

29/07/2025  08:11

Во населбата Влае кај надвозникот „Влајко“ од денеска ќе биде воведен изменет сообраќаен режим поради започнување на активности за статичко испитување на конструкцијата. Како што соопштуваат од Општина Карпош, работите ќе се реализираат во две фази, со затворање на делови од булеварот „Партизански одреди“ по принципот лента по лента.

Сообраќајот ќе се одвива непречено, согласно поставената сигнализација и опрема, со ограничување на брзината од 30 километри на час.

Работите се предвидува да траат седум работни дена, по што ќе биде воспоставен редовниот режим на сообраќај.