Skip to main content
Хроника

Заталкано зрно оштети возило во двор на тетовец – пронајден проектил

28/07/2025  18:53

На 27 јули 2025 година во СВР Тетово, жителот З.Х. (30) од Тетово пријавил дека околу 21:30 часот, додека седел во неговиот двор на улицата „Киро Ристоски-Дрнц“, забележал дека заталкано зрно од огнено оружје паднало и го оштетило неговото патничко возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки, паркирано во дворот.

Од страна на полициските служби бил извршен увид на местото на настанот, при што бил пронајден и подигнат проектил кој ќе биде предмет на понатамошна истрага.

Случајот е евидентиран, а СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на инцидентот.