
Со поставување на спомен-обележје во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изрази признание за неговата саможртва и неуморен дух во борбата за слободна и независна Македонија.

„Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава“, напиша Арсовска на својот Фејсбук профил.
Со овој потег, Град Скопје го чествува ликот и делото на Ќосето, оставајќи траен белег во колективната меморија за генерациите што доаѓаат.