
Жена туристка вечерва паднала во дупка на градилиште на улицата Партизанска во Охрид, пишува „Охрид 1“.

Според нив, несреќата се случила во близина на објект во изградба, кој не бил соодветно обезбеден.
Жената, по падот, се здобила со тешки повреди и веднаш била пренесена во Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ е укажана лекарска помош.
Засега нема официјални информации од надлежните институции, а повеќе детали за инцидентот се очекуваат во текот на утрешниот ден.