Skip to main content
Хроника

Драма: Тепачка со секира сред Струмица (ВИДЕО)

27/07/2025  10:48

Снимка на која се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавена од случајни минувачи. Според неофицијални информации, инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица, а видеото прикажува како вербална расправија преминува во турканица и отворена тепачка на улица , ова се гледа на фб струмица он лајн.

На видеото се гледа дека едно од лицата замавнува со секира, додека друго возвраќа физички, а во обид да ги раздвои се вмешува и жена која се наоѓала меѓу нив. Ситуацијата ескалира, по што граѓаните што снимале решаваат да се тргнат, стравувајќи за сопствената безбедност.

Покрај снимката, на социјалните мрежи се појавија и коментари кои тврдат дека овој инцидент е кулминација на долгогодишен проблем, поврзан со лица кои агресивно просат во центарот на градот, вознемируваат минувачи и вклучуваат деца во собирање пари.

Во моментот не е познато дали случајот е пријавен во полиција, ниту дали надлежните институции презеле мерки.

Граѓаните бараат поголема безбедност и надзор во централното градско подрачје.