34 годишен скопјанец уапсен на скопскиот аеродром – се барал по наредба на Основен суд Скопје

На 11.09.2020 во 20,30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје во Република Северна Македонија како депортирано лице допатувал Џ.А.(34) од Скопје. По извршените пасошки и оперативни проверки утврдено било дека евидирал со мерка „апси“, по наредба од Основен Суд Скопје-1. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за спровод во КПУ-Затвор Идризово.

Треба да знаете
Последни објави