Skip to main content
Скопје

Прскање против комарци викендов во Скопје

26/07/2025  08:14

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 26.07 и на  27.07.2025 година (сабота и недела), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.