Skip to main content
Хроника

Повредени учеснички на Младинските олимписки игри во Куманово: Две велосипедистки паднале на целта

25/07/2025  15:32

Две учеснички на Младинските европски олимписки игри се повредиле при пристигнување на целта по одржувањето на велосипедската трка во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во СВР Куманово било пријавено дека за време на одржување на велосипедска трка, при пристигнување на целта паднале и се повредиле една малолетничка од Полска и С.М.С.(21) од Норвешка, кои се учеснички на Младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја. Тие се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово, соопшти кумановската полиција.

Од кумановската болница, денеска информираа дека девојчињата имале гребнатини по различни делови од телото. По пружената помош биле преземени од организаторите.

– Две девојчиња едното малолетно, другото 21 година околу 13: 20 часот биле примени во установата. Двете биле прегледани од лекари и им биле констатирани гребнатини по различни делови од телото. Лекарите ги прегледале, опсервирале, им направени дополнителни иследувања, снимања. Се работи за лесни повреди, по спроведената опсервација од лекарите, учесничките биле преземени од одговорните лица за младинки од Олимпискиот комитет, изјави главниот медицински техничар, Владимир Симоновски.

Завчера додека тренирале за учество на велосипедска трка, автомобил удрил во двајца малолетници од Исланд во атарот на село Зубовце. И тие, како што соопштија од болницата поминале со полесни повреди, гребнатини, едниот од нив по рацете и нозете и по пружената здравствена нега бил преземен од комитетот. Вториот малолетник имал гребнатини и по лицето, бил здржан во текот на ноќта во болницата, но и тој бил отпуштен.