Skip to main content
Хроника

Мерцедес излетал од патот – возачот тешко повреден

25/07/2025  15:00

Денеска (25.07.2025) во 02.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, пред влез во с.Марена, кавадаречко, патничко возило „мерцедес” со неготински регистарски ознаки, управувано од С.П.(22) од с.Тремник, неготинско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.