Skip to main content
Хроника

Уапсен кичевчанец – физички нападнал полицајци

25/07/2025  12:10

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.И.(25) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 06.07.2025 на булеварот „Ослободување” во Кичево, тој со употреба на физичка сила спречувал полициски службеници  во вршење на службено дејствие, по што веднаш бил лишен од слобода.