Петар Богатиновски трет во Белград, но е мотив за подобри резултати

11 годишниот картинг возач Петар Богатиновски на трката во Белград, после технички пех во трката за пол позиција се позиционираше на четвртото место, за во трката да го освои третото место.

Оваа трка се бодува за Централно Европската Зона. Петар настапи во класа 2 Ротакс Мини Макс која е за натпреварувачи од 10 до 12 години.

Ова е четврта трка годинава, но за Петар беше прв настап поради глобалната пандемија.

 

Треба да знаете
Последни објави