(Видео) Гол постигнат од Вујин најубав на завршницата од СЕХА-лигата

Гол кој го постигна новакот во редовите на Вардар, Марко Вујин на завршниот ракометен турнир во Задар од СЕХА-лига е прогласен за најубав на мечевите кои одлучуваат за новиот шампион во регионалното натпреаврување.

Искусниот српски ракометен интернационалец Вујин во финалето со унгарскиот Веспрем ја погоди противничката мрежа со „проектил“ кој беше неодбранлив и најдобар голман и МВП  играчот на фајнлфор турнирот, шпанскиот интеранционалец Родриго Коралес.

Вардар во финалето загуби од Веспрем со 27:35 и му ја предаде шампионската титула.

Треба да знаете
Последни објави