Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Бугарија има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање

21/07/2025  14:34

Бугарија има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање, ова е одговорот на на темата којашто ја отвори бугарскиот претседател Румен Радев, рече одговарајќи на новинарско прашање претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

-Затоа јас реков добро, ако е само тој услов, еве пред да дојдеме до тој услов да го исполниме, заеднички, преку бугарскиоте европратеници да предложиме резолуција со којашто заедно како соседи ќе го потврдиме македонскиот посебен идентитет, македонскиот посебен јазик, а потоа во знак на добра волја, бугарската држава да ги примени пресудите од Стразбур коишто се однесуваат на човековите права, а им се ускратени на Македонците во Бугарија, да ја регистрира ОМО Илинден ПИРИН, со цел тие да можат да предложат свој претставник во министерскиот совет за заштита на малцинските права во Бугарија, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека со ваков начин ќе се покаже што значи добрососедски односи.