Skip to main content
Македонија

Зголемен број на возила на Богородица, отворени пет ленти за излез и влез во Македонија

21/07/2025  14:32

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во моментов има зголемена фреквенција и проток на патници и возила на Граничниот премин Богородица-Евзони кон Р.Грција.

Отворени се пет ленти за излез од Македонија и пет ленти за влез во Македонија.

-Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, информира МВР.