Skip to main content
Хроника

Едноипол годишно дете донесено во болница во безсознание – родителите велат го пронашле во базен

21/07/2025  14:27

На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница „Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание.

На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.