Skip to main content
Хроника

30-годишна скопјанка пренесена во болница, со возило излетала од пат

21/07/2025  14:20

30-годишна жена од Скопје е тешко повредена откако со возило излетала од пат.

Како што известија од полицијата, вчера во 10.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојане“ во село Бојане, општина Сарај, патничко возило „шкода“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(30) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата Џ.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.