Skip to main content
Хроника

Детали за трагедијата во Охрид: Пронајден починат маж кај рампата за влез во познат хотелски комплекс

21/07/2025  08:27

Влеравечет, нешто пред 20 часот, кај рампата за влез во познат хотелски комплекс во Охрид било пронајдено безживотно машко тело, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош, како и полициски службеници кои извршуваат увид. Според првичните, неофицијални информации објавени од порталот Охрид 1, на телото не се забележани траги на насилство, а идентитетот на лицето веќе е утврден.

Се работи за маж кој, според првични сознанија, имал здравствени проблеми, и се претпоставува дека смртта настапила како последица на срцев удар.

Од СВР Охрид ја потврдуваат информацијата и најавуваат дека подетални информации ќе бидат објавени утре, по завршување на целосната истрага и обдукција.