Skip to main content
Хроника

Прегазен пешак на патот Кичево – Гостивар

19/07/2025  11:55

На 18.07.2025 година во 09.05 часот, на крстосницата меѓу локален пат кај кичевското село Зајас и магистралниот пат Кичево-Гостивар, случена е сообраќајна незгода во која, патничко возило „Ауди” управувано од А.С.(28) од кичевското село Колибари, удрило во пешакот Р.А.(38) од Зајас.

Таа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Општата болница во Кичево каде се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи од ОВР Кичево.