Skip to main content
Македонија

Врховен суд ги укина пресудите на Судот во Охрид и Апелација во Битола по предметот за мајката Невена Спасеска

19/07/2025  11:36

Врховниот суд на Република Северна Македонија во совет составен од судиите: м-р Катерина Георгиевска – претседател на советот, Беса Адеми, Владимир Стојаноски, Јелица Крстевска и Шпенд Деваја ги усвои ревизиите на Невена Спасеска по однос на пресудите на Основниот суд во Охрид и Апелациониот суд во Битола.

Со таквата одлука Вррховниот суд ги укинува пресудите на судовите во Охрид и Битола и ги враќа на повторно одкучување.

Советот во Врховниот суд констатирал дека има повреда на постапката и погрешна примена на материјалното право од страна на пониските судови во овој случај.

Според одлуките на Основен суд Охрид и Апелационен суд Битола, детето на Невена требало да биде доделено на таткото, а мајката да плаќа и алиментација.

Овој случај со месеци ја бранува јавноста откако мајката Спасеска јавно изнесе детали за тоа како селективно и тендециозно се водела постапката.

Случајот на Спасеска се најде и на седница во Собранието кога пратеничката Славјанка Петровска постави пратеничко прашање, по што добила и вербални закани по нејзината безбедност, а судијка поврзана со одлучување во предметот, била вербално нападната среде судење во судница.

За старателството на детето на Спасеска, сега повторно ќе треба да одлучува Основниот суд во Охрид.