
Тројца малолетници се повредени откако возило „бмв“ управувано од 16-годишник излетало од пат во велешко.
– На 16.07.2025 околу 21.40 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во правец од с.Бузалково кон с.Раштани, велешко, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од село Бузалково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот 17-годишен сопатник од с.Бузалково, а со телесни повреди се здобиле малолетниот возач и уште еден 16-годишен сопатник од с.Бузалково, констатирани во Општата болница Велес, известија од полицијата во денвниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.