Skip to main content
Хроника

Уапсен 26-годишен косовски државјанин по потерница на Интерпол

18/07/2025  14:41

Полициски службеници на граничниот премин Долно Блаце вчера во 16:20 часот го лишиле од слобода С.А. (26) од Косово.

При рутинска гранична контрола било утврдено дека лицето се бара со мерка „апси“ по потерница од Интерпол. Уапсениот е предаден на Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.