Skip to main content
Македонија

Украинскиот премиер поднесе оставка

15/07/2025  18:46

Украинскиот премиер Денис Шмихаљ денес ја поднесе својата оставка до Врховната рада, објавува Укринформ.

Шмихаљ објави фотографија од своето писмо за оставка на Телеграм, а во пораката изрази благодарност до бранителите на Украина кои ги држат првите линии и ја штитат земјата.

Тој му се заблагодари на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата и го пофали целиот свој тим за нивната „неуморна работа за доброто“ на Украина.

Вчера, Зеленски предложи првата вицепремиерка и министерка за економија, Јулија Свириденко, да биде премиерка на Украина во иднина, а Шмихаљ да биде корисен на позицијата министер за одбрана во реконструираната влада.