Skip to main content
Македонија

МВР: Објавен технички дијалог за набавка на нови теренски униформи

15/07/2025  18:23

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во електронскиот систем за јавни набавки има објавено покана за учество во претходна проверка на пазарот (технички дијалог) за постапка за набавка на делови од униформа и теренска униформа.

МВР ги поканува заинтересираните економски оператори да земат активно учество со забелешки и коментари на техничката документација до 18.07.2025.

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/technical-dialog-announcements