Skip to main content
Хроника

Лекар од Струга со истечена лиценца пет години не одел на работа, а земал плата и додатоци

15/07/2025  14:59

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот К.С. од Струга, вработен како лекар во Општата болница во градот, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Дополнително, од 15 јули 2020 година, кога му истекла важноста на лекарската лиценца, па сè до моментот на отказ, К.С. немал важечка лиценца за работа како доктор по медицина, издадена од Лекарската комора.

И покрај тоа, тој редовно примал плата и други додатоци, со што, како што стои во пријавата, го оштетил буџетот на болницата за вкупен износ од 1.956.569 денари и се стекнал со противправна имотна корист.