(Видео) Шокантна исповед: Актерката од „Ивкова слава“ откри дека била силувана од филмски моќник 

Случајот со српската актерка Даниела Штајнфелд ја потресе домашната јавност. Откако актерката, во документарниот филм „Залечи ме“ (Heal Me), чиј автор е таа, откри дека е силувана од „филмски моќник“ на почетокот на нејзината кариера, ситуацијата во српските медиуми не се смирува, но ниту во актерскиот свет, пишува „Мондо.рс“.

На Даниела многу колешки ѝ пружија поддршка, а повеќето се согласуваат дека таа треба да открие кој е човекот што сексуално ја напаствувал, за да биде соодветно казнет.

Актерката позната по улогата на убавата Мариола во филмот „Ивкова слава“ предизвика бурни реакции во српската јавност кога проговорила за силувањето.

Во трејлерот за филмот „Залечи ме“, Даниела се појавува на неколку секунди додека се доверува некому во видеоповикот преку лаптопот.

Се тврди дека станува збор за разговор со силувачот кој таа, наводно, тајно ја снимила, кога наводно се соочила со него четири години по грозоморниот настан, пишува „Аваз.ба“

Преземено од Плусинфо

Треба да знаете
Последни објави