Skip to main content
Скопје

Арсовска: Доставени се непобитни докази, постапете еве ви шанса никој да не ве збори дека браните криминал

14/07/2025  21:06

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вечерва повторно се јави на социјалните мрежи, барајќи да се постапи по нејзините докази за сторен криминал.

Таа објави фотографија на која се гледаат неколку кутии со документи, за кои Арсовска тврди дека се докази за дивоградбите во Чаир.

„Доставени ви се непобитни докази за криминалот потврден институционално од повеќе извори. Еве ви добра идеја да бидете јунаци, наместо да ве исмева народ дека не смеете да му писнете на Висар Ганиу.

Ако постапите по доказите за перење пари и утврдените фалсификати на Висар Ганиу за 150 небезбедни згради во Чаир, ем нема никој да ве збори дека браните криминал, ем нема да ви се смеат дека сте лавови само во штаб.

🆘 Така јас нема да мора да се борам со криминал на територија која не ви е баш под контрола, вие искачате херои и нема да се срамите секој ден дека со живот ги браните ВЛЕН/ДУИ, плус ќе си терате раат кампања без да мора да смислувате нови напади и лаги секој ден, за да се оправдате зошто не постапувате“ пишува Арсовска.