Skip to main content
Македонија

Николоски: Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид

14/07/2025  18:58

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и посветеноста и работата на оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните сега се задоволни и резултатите се гледаат на терен. Кон крајот на летото очекувам да пуштиме за сообраќај уште еден дел од автопатот, потегот од Климештани до Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа, говорејќи за инфраструктурните проекти што се реализираат во државата.   

Тој потенцираше дека се работи на бројни проекти во делот на автопатската и железничката инфраструктура и најави нови проекти во следниот период. 

” Во делот на автопати работиме многу, се работи на автопатот Тетово-Гостивар како дел од автопатот Скопје-Струга -Охрид,  се работи на вториот автопат, тоа е потегот од Гостивар до Букојчани или популарната Срража. Во моментов имаме тендер за делот од Букојчани до Кичево, тоа е врската што недостасува, понатаму работиме на автопат од Битола кон Прилеп, веќе се заврши експресниот пат од Градско до Фариш. Го ставивме во функција делот од Куманово до Крива Паланка, исто така го пупштивме делот од Гевгелија до Богданци, така да на многу фронтови работиме на автопатската мрежа и резултатите се гледааат. Тука е и желеницата, во текот на оваа година ќе почнеме со реализација на проектот Градски воз, понатаму реконструкција на најважаните делови на товарниот сообраќај и секако за многу брзо време и брзата пруга на коридор 10. Тука е и работата на коридор 8 бидејќи имаме одреден прогрес со бугарската страна и доколку тоа се потврди ќе работиме на спојување со Бугарија. Интензивно се работи на втората делница, првата од Куманово до Бељаковце веќе ја пуштивме во јануари, а на дневна основа овозможивме и воз од Скопје до Куманово”- потенцираше вицепремиерот Николоски.