Skip to main content
Хроника

Приведени двајца криумчари, пронајдени 11 лица мигранти

14/07/2025  14:09

На 13.07.2025 во 19.30 часот на автопат А1, Неготино – Градско, во близина на село Црвени Брегови, неготинско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Џ.Џ.(19) и М.А.(18), двајцата од Струмица.

Мигрантите биле спроведени во Прифатен центар Винојуг во Гевгелија, а Џ.Џ и М.А. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.