Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Коридорот 8 се гради со забрзано темпо

14/07/2025  10:09

Соопштение на ВЛЕН:

Еден по еден, проблемите можат да се решат, треба да се решат и ќе се решат! Тоа е ангажманот на ВЛЕН, а овој ангажман доби конкретна форма со пуштањето во употреба на дел од автопатот Кичево–Охрид, како дел од Коридорот 8, еден од најстратешките проекти за развој на државата.

Овој капитален проект, кој со години стагнираше и стана симбол на институционална неспособност и сомнежи за злоупотреби, денес конечно се движи напред – со ново темпо, без сомнежи, без застои и со целосна транспарентност, затоа што сега ВЛЕН е на власт.

Коридорот 8 не е само автопат. Тој е столб на економскиот развој, регионалното поврзување и европската интеграција на Република Северна Македонија. Тој директно ќе придонесе за зголемување на протокот на луѓе и стоки, олеснување на транспортот и поттикнување на туризмот и трговијата.

Со овој нов автопатски сегмент, кој значително го скратува времето на патување до границата со Република Албанија, инвестицијата се претвора во конкретна придобивка за граѓаните. А ова е само почетокот.

Зашто нашите граѓани, сите ние, заслужуваме, и ќе имаме, европска инфраструктура, тука, во нашата земја.

ВЛЕН останува цврсто посветен на унапредување на секој важен проект, обезбедувајќи ефикасност, одговорност и правична распределба на развојот – за сите граѓани, во секој дел од државата.