Skip to main content
Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

10/07/2025  20:41

СМС пораки стигнуваат до дел жителите во нашата држава, два дена по донесувањето на одлуката на Владата за прогласување кризна состојба поради пожарите.

„Ве известуваме дека на територијата на цела држава е прогласена кризна состојба за полесно справување со шимските пожари. Воедно ве известуваме и дека во сила е забрана за движење во шумите“, стои во пораката со потпис ЦУК.

Пораката е на македонски јазик со латинична поддршка.

Од ЦУК појаснуваат дека се врши тестирање на системот кој набрзо треба да се имплементира.

Поконкретно тестирањето е во насока на подготвеноста на мобилните оператори, на колкав број корисници оддеднаш можат да испратат порака со предупредување без проблеми.

-Целта на тестот е да се провери кои се можностите за праќање на вакви масовни пораки кои во иднина треба да бидат дел од системот „cell broadcasting“ или масовно праќање на пораки во случај на кризна ситуација за известување и тревожење. ЦУК има обврска да го импелементира овој систем и отпочнато е со подготовки за изработка на физибилити студија за овој систем, појаснуваат од ЦУК.