Skip to main content
Македонија

Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци

10/07/2025  19:13

Три деца, странски државнјани се приведени во врска со пожарот кај скопската обиколница во близина на селото Стајковци. Јавното обвинителство не открива повеќе детали со оглед на тоа што станува збор за малолетни лица. Оттаму само велат дека според првичните сознанија, станува збор за државјани на Велика Британија, а едното има потекло од Македонија.

-Согласно Законот за правда за децата со нив беше извршен разговор по што се пуштени, а обвинителството продолжува да обезбедува докази во однос на нивната евентуална поврзаност со конкретниот пожар или со намера да извршат друго кривично дело, велат од ОЈО.