Skip to main content
Балкан

Владата на Србија итно издвојува три милиони евра за помош на најпогодените на пожарите во државата

09/07/2025  21:52

Српската Влада ќе обезбеди три милиони евра за помош на оние кои се најмногу изложени на ризик од пожарите, изјави првиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали.

„Во изминатите денови, нашата земја беше погодена од катастрофални пожари, што, особено на југот на Србија, зафатија цели села, уништувајќи домови, имоти и се што луѓето граделе со децении. Владата на Република Србија реагираше веднаш – на денешната седница донесовме одлука итно да издвоиме 350 милиони динари, или три милиони евра, од буџетската резерва, за санирање на штетите, помош на најранливите и реконструкција на погодените подрачја. Владата на Република Србија, која денеска го имаше својот прв состанок, а чија задача, меѓу другото, ќе биде собирање податоци за штетите“, наведено е во соопштението на Министерството.

Погодените од пожарите ќе добијат средства за обнова на нивните домаќинства што е можно поскоро, како и за санирање на штетите во земјоделството и сточарството.