Skip to main content
Спорт

Ѓоковиќ избори уште едно вкупно 14-то полуфинале на Вимблдон

09/07/2025  21:31

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во ново вкупно 14-то полуфинале за него на Вимблдон. Тој во четвртфиналето денеска го победи Италијанецот Флавио Коболи со 3:1 во сетови (6:7(6); 6:2, 7:5 и 6:4). Следен противник ќе му биде уште еден тенисер од Италија, најдобриот светски играч Јаник Синер.

Ѓоковиќ до триумфот стигна со пресврт откако неговиот ривал го доби првиот сет, во тај брејкот беше 8:6 на поени и поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет Ѓоковиќ заигра многу подобро и стигна до изедначување од 1:1 во сетови. Во третиот сет по 5:5 српскиот тенисер успеа да одземе гем на сервис на ривалот, а потоа да стигне и до 7:5 во гемови. Во четвртиот сет Ѓоковиќ повторно во завршницата успева да направи брејк, овојпат во деветтиот гем и да поведе со 5:4 во гемови и потоа на свој сервис ја искористи третата меч топка. 

Полуфиналето против Синер, кој денеска со 3:0 во сетови го совлада Бен Шелтон се игра в петок.