
Градоначалникот на општина Чучер-Сандево, Сашко Комненовиќ, упати повик до сите жители на општината поради активни пожари кои беснеат во селото Бразда и во близина на црквата „Св. Тројца“ во Чучер.
„Имаме активен пожар во село Бразда и над црквата во Чучер. Сите што се машки и подвижни, нека земат алат и нека излезат да помогнат во гаснењето на пожарот. Се молат сите, колку што може, да излезат по масовно и да се спасиме од оваа стихија“, објави Комненовиќ на социјалните мрежи.
Пожарите, поттикнати од високите температури и ветерот, брзо се шират и претставуваат сериозна закана за домовите и природата во околината. Локалното население, пожарникарските екипи и волонтери се мобилизирани во обид да ја стават огнената стихија под контрола.