Skip to main content
Македонија

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

09/07/2025  14:41

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.