Skip to main content
Скопје

Дудуш: Пожарот е локализиран, депонијата имала дозвола која важела до февруари годинава

09/07/2025  13:33

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш информираше дека е локализиран пожарот на дивата депонија со отпад кај Визбегово.

За фирмата која ја поседува депонијата, градоначалникот изјави дека во општината на увид ги има сите документи.

-Знаеме дека Министерството за животна средина му има издадено дозвола за работа во 2019 година и 2020 година и дозволата важела до февруари 2025 година. Во ноември 2024 година, колку што знаеме во општината, имаат поднесено ново барање, но не знаеме до каде е. Кај нас само се бара мислење за продолжување на нивната дозвола. Тогаш дадовме позитивно мислење, кажа Дудуш.