Skip to main content
Скопје

Една општина во Македонија доделува еднократна финансиска помош од 2.500 денари за пензионери – еве како да аплицирате

09/07/2025  13:03

Општина Центар ги повикува пензионерите да аплицираат за еднократна финансиска помош од 2.500 денари. Повикот започнува од денеска, 9 јули, и важи за пензионери, жители на Центар, кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, со месечен износ до 26.157 денари.

Пензионерите треба да достават копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и потврда за последната примена пензија, односно чек или потврда од банка за мај или јуни 2025 година, а оние со социјална пензија треба да достават потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

„Продолжуваме со финансиската поддршка за нашите пензионери. Ова е уште еден доказ за нашата постојана грижа и солидарност со највозрасните сограѓани“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Барањата се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, барака број 6, или можат да се преземат преку веб-страницата на општината.

Архивата е отворена за странки секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Повикот ќе трае до 18 јули или до исцрпување на средствата.

Општина Центар обезбеди 5 милиони денари за реализација на оваа мерка. Повеќе информаци на линкот во прилог https://www.centar.gov.mk/?p=25920