
Трагедија се случило утрово во селото Соколарци.
-На 08.07.2025 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 08 часот, при изведување градежни работи на објект кај селските гробишта во село Соколарци, општина Чешиново-Облешево, С.М.(37) од село Соколарци, се здобил со повреди од струен удар, по што починал.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Штип.