Skip to main content
Македонија

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

09/07/2025  09:38

„Повеќе од 20 години на власт, ДУИ целосно ги занемари противпожарните единици во нашите општини, изложувајќи ги албанските пожарникари без минимални услови за работа, без соодветна опрема и без никаков план за противпожарна заштита. Тие раководеа со Центарот за управување со кризи и со директори кои немаа ниту визија ниту одговорност за овој витален сектор“, велат од „Влен“.

„Денес, Владата предводена од „Влен“ ја менува оваа реалност! Одобрена е новата мерка „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“, која за прв пат создава основа за одржлив и функционален систем за противпожарна заштита во нашата земја.

Со оваа иновативна програма ќе бидат ангажирани 400 лица, кои ќе помогнат во креирањето на противпожарни појаси и ќе спроведуваат други превентивни активности, во 14 општини со територијални противпожарни единици.

Овие се дел од превентивните мерки со кои Владата на ВЛЕН се обидува да го намали и ограничи штетите кои граѓаните, за жал, ги имаа секоја мината година.

Ова е голем чекор напред, од реактивната и пропагандна политика што ја следи ДУИ, кон проактивен, одговорен и ефикасен пристап, кој истовремено обезбедува социјални и еколошки ефекти. За прв пат, противпожарната заштита се гледа како државен приоритет, а не како сезонска тема за прес-конференции.

„Влен“ не дава празни ветувања, „Влен“ дејствува! Градиме функционални институции, создаваме достоинствени работни места и ставаме крај на децениското занемарување на клучните сектори за безбедноста и благосостојбата на нашите граѓани“, се наведува во соопштението на „Влен“.