Skip to main content
Македонија

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК

08/07/2025  19:28

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до 19 часот на територија на државава регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, а еден е под контрола.

Активни се пожарите кај Самоков и меѓу селата Црешнево, Локвица и Слатина во општина Македонски Брод, меѓу селата Блаце и Чучер и кај Кучевишка бара во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина Бутел, под Солунска глава меѓу изворите на Бабуна и Банина Дупка, кај селото Бешиште во Прилепско и од селото Волино кон селото Ливада во општина Охрид. Активни пожари има и долж автопатот Гостивар-Тетово каде гори ниска вегетација и кај селото Крушевица, Кавадаречко и селото Николиќ кај Дојран.

Според информациите од ЦУК, изгаснати се девет пожари, а два се локализирани.