Skip to main content
Македонија

ТИПИЧНО ЗИМСКО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Измерени се минимални -8 степени!

09/11/2024  09:26

Ова утро во Македонија времето е ведро и особено студено, по одделни котлини и речни долини има појава на магла и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчисти. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -8 степени. Инаку, во најголем дел од Македонија утринава температурите се спуштија под нулата.